ГИ НАМАМИЈА РУСИТЕ: Tие им оставија 4 милијарди евра
Објавено во: Финансии 24 Септември, 2017
Од 2013 година досега Владата на Кипар заработи над 4 милијарди евра така што им даваше државјанства на ултра богати Руси.
По контроверзните правила за „златна виза“ многу руски и украински државјани кои се опкружени со корупција се стекнаа со државјанство од Европската унија.
Тие сега имаат право да живеат и работат во Европа во замена за кеш и инвестиции.
Само лани на основа на оваа шема државјанство добија над 400 луѓе.
На листата се и луѓе кои имаат големо политичко влијание.
Оној кој сака државјанство од Кипар мора да има 2 милиони евра, недвижен имот од 2.5 милиони евра, јазик не мора да познава, ниту да има живеалиште, но во рок од 7 години мора барем еднаш да ја посети земјата.