Ги погодија поплави, а сега ги стресе силен земјотрес
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2019
Од Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) објавено е дека земјотресот е забележан на подрачјето на провинцијата Малуку.
Подрачјето на Западна Сумба во Индонезија во вторникот го потресоа два земјотреси со јачина од 6,2 и 6,7 степени.
Во септември лани силен земјотрес на островот Сулавеси предизвика цунами во кое загинаа повеќе од 2.000 луѓе.
Најмалку 59 лица вчера починаа, а 25 се водат за исчезнати во свлечиштата и поплавите што ја погодија јужната индонезиска покраина Сулавеси. Од поплавите се погодени најмалку 100 села во таа провинција.