18 Мај, 2024
0.0329

Гимназија „Алгоритам“ одбележа 15-годишнина

Објавено во: Македонија 02 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Со особена радост и гордост сакаме да споделиме со вас дека Гимназија „Алгоритам“ прослави 15 години од своето постоење, што беше одбележано со пригоден настан, во Македонска филхармонија, каде што се доделија признанија за учениците кои оваа година постигаа значајни успеси меѓу кои и две ученички кои ќе го претставуваат Алгоритам на Светската олимпијада по биологија во Дубаи.

Во чест на 15-годишнината, беше поставена и премиера на претставата „Приказнологија“ по сценарио и во режија на поранешен ученик на Гимназија „Алгоритам“, Никола Симоноски, а под менторство на професорот Горан Станикевски-Горјански. Претставата во којашто учествуваа сегашни и поранешни членови на драмската секција на Гимназија „Алгоритам“, побуди голем интерс кај присутните во салата, коишто  ја проследија со восхит и ја наградија со долги аплаузи.

„Алгоритам“ е првата гимназија во нашата земја во којашто од самото основање целиот наставен материјал е во дигитална форма. Се користи финска методологија во наставата т.е. демократичност при изведување на наставата, транспарентност, постојана комуникација со родители, работа во мали групи, индивидуален пристап, насочување и практични знаења ‒ што дава одлични резултати коишто се потврдуваат веќе 15 години.

За заложбите и успесите на учениците и наставниот кадар на „Алгоритам“, говорат досега освоените над 900 награди на домашни и меѓународни натпревари, како и бројката на над 300 реализирани проекти. Само во тек на оваа учебна година учениците на „Алгоритам“ освоија над 50 награди во различни области, меѓу кои и математика, биологија, англиски јазик.

Покрај многуте предности својствени за нас, меѓу кои е се и современите модерни простории во центарот на град Скопје, е и тоа што Гимназијата „Алгоритам“ има соработка со многу образовни институции, во нашата земја и во странство, и работи на повеќе образовни проекти финансирани од ЕУ. Годинава се оствари соработка со средно училиште од Копенхаген, Данска, чиишто ученици при посетата на нашата гимназија беа пријатно изненадени од начинот на работа којшто може да се спореди со скандинавските училишта. Исто така, оваа недела гости во гимназијата се професори и ученици од Хрватска, Словенија и Романија со кои се работи на проект за креирање интердисциплинарани наставни материјали во сферата на природни науки, роботика, програмирање и култура, како и за изготвување „Зелени решенија“.

Гимназија „Алгоритам“ и оваа година е СуперУчилиште, што е резултат на соработката со Региналната канцеларија за соработка на млади и со приватната ИТ Гимназија од Нови Сад, со кои се работи на проект за градење  мир и соработка меѓу младите од Западен Балкан. Во рамките на овој проект се работи на веб-страна за креирање содржина за учење знаковен јазик и Брајова азбука.

Гимназија „Алгоритам“, според зборовите на поранешни и сегашни ученици е вистинско место каде што младите наидуваат на топла клима и позитивна средина за развој, креативност, осознавање и подготовка за повисоките степени на едукација, но и место каде што се негува сознанието дека единката е дел од светот а иднината на светот зависи од секој подинечно.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци