05 Мај, 2024
0.0237

ГЛАС КОЈ КРЕВАШЕ НА НОЗЕ: Почина Уснија Реџепова и замина во легендите

Објавено во: Стил 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Легендарната пеачка почина денец во 69-тата година од животот. Реџепова пред неколку месеци од родното Скопје се врати во Белград како би се посветила на лекување, починала од рак на белите дробови.

Со право го носеше епитетот кралица на јужниот мелос, а засекогаш ќе остане запаметена по незаборавните музички нумери како што се „Кажуј крчмо Џеримо“, „Расуле се косе моје“ и  „Животе мој“, „Због тебе, мори лено“, но и бројни други хитови кој ги изведуваше со трубадури.

usnija-foto-youtube-dmsattv

Уснија, која 25 години на сцената на Народниот театар во Белград ја играше Коштана, се раболе пред смртта на нејзиниот сопруг, хармоникашот  Светомир Шешиќ Шелет. Кога истакнатиот естраден уметник починал пред две години од рак на панкреасот, тоа Уснија целосно ја скршило.

Таа ќе биде погребана во Скопје.