06 Мај, 2024
0.0266

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

Објавено во: Македонија 24 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 1788 избирачки места.

Од вкупно запишани 899 977 гласачи на овие избирачки места гласале 397 612 избирачи,  односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски. 

Најголема излезеност,  67,19 проценти, има во Новаци, а најмала во Пласница 15,5 отсто.

- Гласањето досега се одвива мирно во сите избирачки места, рече Даштевски.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори од 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезеност за околу девет отсто. 

До ДИК досега се доставени 308 приговори за заштита на лично избирачко право, од кои 75 се усвоени и на избирачоте им е овозможено да го остварат правото на глас, 25 се отфрлени како неуредни, 38 се одбиени, а останатите се во обработка.

На новинарско прашање дали имаат поголем број на пријавени нерегуларности и проблеми на изборите, Даштевски рече дека официјално нема голем број на пријавени проблеми со изборите.

Тој посочи дека на три места во Куманово гласањето било прекинато, на едно гласачко место поради загубен печат на изборниот одбор, додека на две места имало проблем со електронскиот уред за идентификација на гласачите, бил направен напор уредите да бидат заменети, па на едното место гласаањето продолжило, на другото не можело.

„Секако дека вечерва ќе одлучуваме за овој проблем и ќе постапиме по закон“, рече Даштевски.

Потпретседателската на ДИК Дитмире Шеху појасни дека станува збор за три избирачки места и дека согласно Изборниот законик на секое место каде гласањето било во прекин повеќе од еден час не може да се продолжи гласаањето. На други места, рече таа, нема такви случаи.

Даштевски кажа оти се надеваат дека пред полноќ ќе има податоци за повеќе од 50 отсто од избирачките места и тоа ќе бидат првични неофицијални резултати. До сабајле, додаде, ќе ги знаеме резултатите кои како официјални ќе се објават во рок од 24 часа.

На прашањето дали има нерегуларности од типот на починати лица во избирачките списоци Шеху рече дека податоците за избирачите се добиваат преку службите на МВР, односно службата за матични книги.

„Избирачкиот список е затворен и во меѓувреме, починатите лица во тој рок од 30 дена до изборите остануваат во списокот. Но нема проблеми од тој аспек, со оглед на начинот на гласање. Но ние сме во координација со тие служби на МВР, во еден дел доаѓа до пречистување, но и нема проблем од тој аспект. Секако, можат и самите граѓани да влијаат на ажурирањето доколку и самите пријавуваат“, рече Шеху.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува