03 Мај, 2024
0.0668

Глобална средба на HR тимот на Костал во Охрид: Успешното менаџирање со човечките ресурси се најголемиот предизвик на компаниите во светот

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Предизвикот за привлекување и задржување на потребен, соодветно образован кадар е глобален проблем со кој се соочува и автомобилската индустрија. Во насока на споделување на најдобри бизнис практики за регрутирање на таленти, задржување на истите, на кој начин и како да се спроведат политики и пракси според најновите глобални стандарди и да се одговори на барањата на нововработените, но и како да се привлече работна сила која секаде во светот е дефицитарна, посебно во услови на технолошко напредно производство, беа дел од темите кои се разговараа на Годишната конференција за човечки ресурси на Групацијата КОСТАЛ, а чиј домаќин беше КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА.

На Конференцијата што се одржа во Охрид присутни беа експерти за човечки ресурси од Групацијата КОСТАЛ од сите локации во светот и сите профитни центри, менаџери од Азија, Африка, Европа, Јужна и Северна Америка како и високи претставници на компанијата во глобални рамки.

Директорот на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, вели дека во многу случаи платата не е единствената алатка за привлекување и задржување на работната сила во светот. Дополнителни фактори кои имаат влијание се добросостојбата на вработените и изнаоѓање на специфичен баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Наоѓањето на кадар е предизвик како на локално така и на глобално ниво. Не секогаш само основната плата е она што ги привлекува талентите. Иако сме производна локација, што значи дека голем дел од луѓето неможат да работат од дома, во КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА размислуваме за флексибилности поврзани со работното време, како и воведување на дополнителни поволности. Истовремено ја позиционираме компанијата наспроти конкуренцијата во регионот, дури и во државата, имајќи предвид дека нашиот производ е технолошки најнапреден споредено со другите компании од автомобилската индустрија во Македонија. Истовремено целиме и кон најдобрите таленти, оние кои сакаат да работат врз основа на најнапредни светски стандарди, да можеме да ги привлечеме, зошто фабриката овде во Охрид, во рамки на нашата компанија, е технолошки најнапредна на европскиот континент, истакнува Мизо.

Потенцира дека процесот на обуки е неопходен, а нашиот едукативен систем е таков каков што е, што значи дека лесно не може да се најде високо образовани технички кадри заради недостаток на практична работа.

Праксата мора да е задолжителна, како што е на Запад, посебно во Америка или во Германија. Но, истовремено факултетите треба да работат и со научно истражувачки активности, да имаат најнапредни лаборатории… Затоа ние кога ќе привлечеме студенти одиме низ процес на дополнителна обука. Таа обука не значи само обука овде на нашата локација во Охрид, туку зависно од различни проекти во кои ќе се вклучени, посебно младите инженери, значи обуки и на други наши локации, и надвор од Европа. Со оглед на претходното, работејќи во Охрид, работите според истите правила како и во најнапредната локација во светот, посочува Мизо.

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА е важен дел од Групацијата КОСТАЛ групацијата и ние сме заинтересирани заради успешно функционирање на високо развиениот технолошки процес да го издигнеме најзначајниот ресурс што го имаме тука – вработените, вели Кристијан Клајн, Извршен потпредседател за човечки ресурси.

Најважните глобални предизвици поврзани со човечките ресурси е да ги пронајдете вистинските луѓе и да им покажете дека вие сте атрактивен работодавец, а за тоа е потребно знаење. За да биде претставен Костал како атрактивен работодавач треба да им се каже на луѓето што ние правиме, како работиме и дека сме одличен работодавач. Со овој предизвик се соочуваат сите, не само во Македонија, туку и во Германија, насекаде. Како што растеме постојано како групација секогаш ни требаат нови луѓе. Општо земено, привлекувањето на таленти е процес. Прво, треба правилно да го дефинирате профилот што ви треба, профилот што сакате да го привлечете, а потоа да го претставите брендот, работодавачот итн. За среќа, овде во Македонија има таленти на пазарот, има одлично образовани млади луѓе, и затоа има смисла да се биде тука и да се привлечат овие луѓе да работат со нас, истакна Кристијан Клајн.

Главниот оперативен директор на компанијата „Костал“, Хансјорг Херман, вели постојат голем број предизвици со кои се соочува автомобилската индустрија.

Кризите во автомобилската индустрија траат во континуитет веќе четири години. Ковид, недостиг на полупроводници и други електронски компоненти, кризата во Украина, проблемите во Црвеното Море… целата автомобилска индустрија страда поради тоа. Погледнете го модерното возило, тоа е полно со полупроводници и електронски компоненти. Затоа последните четири години беа многу, многу предизвикувачки. Сепак, еден од најголемите предизвици е привлекувањето таленти – дали ги имаме вистинските луѓе, дали го поседуваме потребниот талент, дали сме сигурни дека најдобрите работат за нас? Не е лесно. Сите се прашуваме што треба да направиме за да дојдат талентираните луѓе кај нас, посочува Херман.

Вакви средби секако ќе ни помогнат многу. Треба да сме сигурни дека создаваме средина каде што секој е способен и подготвен да го даде најдоброто од себе, додаде Хансјорг Херман.


Можеби ќе ве интересира

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија