Глутница кучиња нападна млад кичевчанец по што тој заврши во болница
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2023
Глутница кучиња синоќа нападнала маж во Кичево, по што тој со тешки повреди е пренесен во болница.
Kaко што соопштија од полицијата, 24-годишниот кичевец паднал по што е пренесен во Општа болница во Кичево. Нападот се случил синоќа на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево.
На 8 мај се појави видео на кое се гледа како кучиња нападнаа женско лице, но поради брзата реакција на жителите, девојчето се спаси од глутницата.Во Тетово имаше поплаки од граѓани дека бројот на бездомни кучиња е голем. Во полициските билтени често има пријави за каснувања од кучиња скитници.