ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ: Жените нема да работат подолго
Објавено во: Финансии 24 Септември, 2017
Швајцарците го одбија предлогот за реформи во пензискиот систем со кој Владата сака да се соочи со стареењето на населението.
Од 26 кантони, 14 се изјасниле против тоа жените да работат година дена повеќе.
Тоа значеше жените да работат до 65 години за да добијат полна пензија, а овој предлог и претходно иницираше критики.
Конечни резултати ќе има вечерва, но повеќе од јасно е дека предлогот пропадна.
На промени се противеа либералите, десните кругови и економистите.
Тие сметаа дека ова ќе биде казна за сегашните работодавци и млади луѓе, а ќе биде придобивка за идните пензионери.