15 Мај, 2024
0.0266

Го поканила Путин на свадба, сега од неа се бара оставка

Објавено во: Свет 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Најавеното доаѓање на рускиот претседател, Владимир Путин на свадба кај министерката за надворешни работи,  Карин Кнајсел наиде на критика на пратеникот од Зелените во Европскиот парламент,  Мишел Рејмон и Украина.

Рејмон побара оставка од министерката Канјсел, затоа што го повикала Путин на својата свадба, не уважувајќи го објаснувањето дека свадбата е приватна работа, и дека Путин на неа ќе биде приватно.

„Тиранинот никогаш не е „приватен“- вели тој.

Рејмон додава дека австриската влада во ЕУ ја сметаат за продолжена рака на рускиот режим во Унијата и дека министерката со поканата на шефот на руската држава ја загрозува репутацијата на земјата.

Критиката стигна и од Украина, каде што претседавачката со надворешно политички одбор на парламентот Хана Хопко на Твитер напиша дека Австрија „од денес не може да биде повеќе посредник во Украина“.

Таа, во пораката истакна дека свадбената покана за Путин, иако се работи за приватна прослава, таа земја не може повеќе да се смета за неутрална.

На Фејсбук напиша дека шефицата на австриската дипломатија „им задала јасен шамар на европските вредности“.

Министерството за надворешни работи на Австрија порача дека се работи за приватна прослава и лична посета, на основа на која не се менуваат надворешно-политичкото позиционирање на Австрија.

Можеби ќе ве интересира

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници