19 Мај, 2024
0.0272

Го посакувам на сите она најважното, најуниверзалното-многу љубов и искрени прегратки: Новогодишно интервју со министерката за одбрана Славјанка Петровска

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

„Новата 2023 посакувам да биде позитивна година, да гледам повеќе насмеани лица, сите да нè служи добро здравје, чиста мисла и искрена љубов. Да се сакаме повеќе и да се обидеме во секој од нас да го гледаме најдоброто“ ... ова меѓудругото го порача министерката за одбрана Славјанка Петровска во специјалното новогодишното интервју за Женски магазин.

Новогодишната ноќ, како што ни откри министерката ќе ја помине одмарајќи и читајќи роман, а сè останато што сподели со нас, читајте во редовите подолу..

* Каде ќе ја поминете Новогодишната ноќ и што ќе им посакате на најблиските, пријателите, и сите граѓани?

- Ова е прашање на кое последните неколку години не го знам одговорот се до последен момент. Пред десетина години уште на 1 декември знаев и каде ќе бидам, и со кого ќе бидам, и што ќе облечам и колку дена ќе трае забавата. Денес искрено не ми е важно каде сум, туку повеќе со кого сум. Сакам да се чувствувам удобно и опуштено. Имало години и кога сум сакала да бидам сама, да заспијам пред полноќ, без гледање во часовникот и да се разбудам рано наутро како да е сосема обичен ден. Но, секако имало  години на славење кое започнувало на 30 декември, а завршувало на 2ри јануари, денови исполнети со друштво, музика, супер журки.

Оваа година на 31 декември и 1 јануари ќе одмарам и ќе го читам најновиот роман „Сагата за Рајна“ на мојата драга пријателка Оља Петрушевска Томева, за кој оние кои го прочитале велат дека се чита во еден здив и дека ви го краде сето внимание.

На моите пријатели, моите сакани и граѓаните ќе им посакам Новата 2023 година да ја пречекаат со верба во љубовта и надеж дека сите ќе бидеме подобри личности од тоа што сме биле во годината што изминува. Посакувам безброј убави мисли, насмевки и добри дела кои ќе бидат храна за нашето ментално и физичко здравје. И најважното, најуниверзалното: многу љубов и искрени прегратки. Целото интервју на министерката за одбрана Славјанка Петровска прочитајте го на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“