06 Мај, 2024
0.0240

Годината ја заврши со добивка! Како „Макпетрол“ се справи со ударот на короната?

Објавено во: Економија 01 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Добра вест за акционерите на „Макпетрол“ е тоа што компанијата и покрај бројните негативни ефекти од „корона кризата“ лани успеа да заврши со 5,7 милиони евра нето добивка иако пандемијата, карантините, полицискиот час и бројните ограничувања и неизвесности „изедоа“ 100 милиони евра приходи. И друштвото покажало особена грижа за вработените затоа што трошокот за нив пораснал за 7 отсто во споредба со претходната година и изнесува 18,35 милиони евра

„Макпетрол“, најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати на нашиот национален пазар, лани оствари 269,3 милиони евра приходи од продажба, а годината ја заврши со добивка од 5,7 милиони евра. „Макпетрол“ со максимален ангажман на сите расположливи ресурси и ефикасно раководење успеал да се справи со сите ограничувања и потешкотии во работењето кои ги предизвика здравствената пандемија која цела година го ограничува бизнисот на глобално ниво.
Токму короната лани го намали приходот од продажба на „Макпетрол“ за безмалку 100 милиони евра односно за 26 отсто, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех достапен на информативниот сервис СЕИ – НЕТ.

Најсликовит доказ за влијанието на короната врз економското работење на секторот продажба на мало е работењето на „Макпетрол“ во вториот квартал годинава кога на сила беа ограничувањата за движење, карантинот и полицискиот час. Според официјалните податоци приходот од работењето во вториот квартал годинава бил 50 милиони евра, а истиот период во 2019 година бил 90 милиони евра. Во вториот квартал добивката на „Макпетрол“ била 900.000 евра, а во истиот период 2019 година била безмалку 4 милиони евра.

Влијанието на „короната“ врз основната дејност - малопродажба на нафтени деривати може да се сумира преку следниов параметар: 62.823 тони помалку продадени нафтени деривати лани што е за 20 отсто помалку од 2019 година. Значаен фактор за стабилизација лани била продажбата на стоки за широка потрошувачка на бензинските пумпи на „Макпетрол“. Лани од тоа компанијата инкасирала речиси 30 милиони евра што е за само 2 милиони евра помалку од 2019 година. Ова е резултат на кој може да позавидат и поголемите ланци на супермаркети во земјава.

За истакнување е квалитетот на анализа и квантитетот на достапните податоци кои „Макпетрол“ ги објави кон Образложението на финансиските резултати за лани. Објавеното Образложение е пример и за други компании како треба да се информираат потенцијални и актуелни инвеститори во акцијата на „Макпетрол“.

Вкупните приходи од продажба лани се 269,2 милиони евра и тоа е за 26 отсто помалку од претходната година. Од тоа домашниот пазар генерирал 264,3 милиони евра. Оперативните расходи биле 267,1 милиони евра што е за 25 отсто помалку од претходната година. Солидно влијание врз оперативната добивка која изнесувала 5,4 милиони евра има и паритетот на финансиските приходи наспроти финансиските расходи и тој изнесува 770.000 евра. Нето добивката лани е 5,7 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

АРАНЖМАНИТЕ ЗА МАЈ И ЈУНИ ПОПОЛНЕТИ, ИМА ПО НЕКОЕ МЕСТО И ЗА СЕПТЕМВРИ - Србите не се откажуваат од Грција, иако е поскапа за 15 отсто

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ГРК РАБОТИ ПРЕКУВРЕМЕНО, ХРВАТИТЕ МНОГУ ПОМАЛКУ, А БУГАРИТЕ НАЈМАЛКУ - еве што покажуваат податоците за земјите на Европската унија

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

КОНКУРЕНТСКИТЕ ВИ ГИГАНТИ ГИ ВОДАТ ЛУЃЕ КОИ СЕ РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ ОД ДЕТСТВОТО - еве како сѐ почна

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот