ГОЛЕМ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА САД: Што подготвува Трамп?
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2017
Новиот претседател на САД Доналд Трамп за средата (денес) најави „голем ден за национална безбедност и изградба на ѕид со Мексико“.
Со тоа би го исполнил едно од клучните ветувања на својата кампања.
БиБиСи пренесува дека се очекува во наредните денови Трамп да издаде неколку наредби во врска со имигрантите и безбедноста на американската граница.
Се претпоставува дека ќе стане збор за „екстремна проверка“ на мигрантите кои доаѓаат од седум претежно муслимански земји на Блискиот исток и Африка, што би го ограничило приливот на бегалци.
Трамп вчера напиша на Твитер: „За утре е планиран голем ден за националната безбедност. Помеѓу останатото, ќе изградиме ѕид!“.
Се очекува во текот на оваа недела, Трамп да ги потпиша одлуките за „пресметка“ со градовите кои им пружаат засолниште на илегалните имигранти и оневозможуваат нивна депортација.
Поедини медиуми наведуваат и дека Трамп ќе забрани издавање на виза на мигранти од Сирија и други исламски земји кои се „склони на тероризам“.