26 Април, 2024
0.0309

Голем интерес за школување во странство, 72% од младите размислуваат за заминување

Објавено во: Економија 11 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Голем е интересот кај учениците и студентите за школување надвор, покажуваат заклучоците од анкетата на Институтот за политички Истражувања.

За продолжување на образованието на некој од европските или светски универзитети размислуваат 72,2 отсто, додека тоа сигурно би го сториле 85,5 проценти ако добијат  стипендија.

Со конкурсот на МОН за доделување стипендии за додипломски/последипломски студии во странство за академската 2012/2013 година не се запознаени 69,7 отсто, а за доделување на стипендии во странство за академската 2013/2014 планираат да аплицираат 36,1 процент.

Само 15,1 отсто знаат како да конкурираат на универзитетите во странство за додипломски или постдипломски студии, додека 32,3 проценти се делумно запознаени. Притоа, на 62,2 отсто од испитаните им треба помош при аплицирањето за школување надвор.

На прашањето „Дали сметаат дека доделувањето на стипендиите за студирање во странство од страна на МОН ќе биде/е објективно“, потврдно одговориле 30,1 отсто,додека  33,3 проценти сметаат дека е делумно праведно, а 13,3 отсто дека е необјективно.

Поголем процент, 68,5, се уверени дека перспективата им е во надградување и усовршување на образованието.

Анализата на Институтот за политички истражувања опфати студенти и ученици во нивните две последни години од средното образование или додипломските студии. Анкетата беше спроведена во повеќе средни училишта и факултети,од 25 ноември до 6 декември 2012 година  на вкупно 1004 испитаници.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9