30 Април, 2024
0.1730

ГОЛЕМ РАСТ НА ДОБИВКАТА НА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА - во првите девет месеци од годинава таа е зголемена за 364,7 отсто

Објавено во: Финансии 27 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Стопанска банка а.д. Битола, заклучно со третиот квартал од годинава, го продолжи трендот на остварување позитивни финансиски резултати, информираат од банката. 

„Во услови на бавно постковид закрепнување, кое и понатаму наметнува низа економски предизвици, банката успешно ги остварува клучните стратешки цели дефинирани во деловната политика, во развојниот и финансискиот план, при што клучна беше умешноста на менаџментот и на вработените за краткорочно приспособување и флексибилност во услови на работа што се карактеризираа со висок степен на неизвесност“, потенцираат од Стопанска банка Битола.

Во првите девет месеци од тековната година, напорите на Банката беа насочени кон наплата на нефункционалните и претходно отпишани побарувања, кои заедно со редовните приходи од работењето придонесоа за остварување позитивен финансиски резултат за периодот 1.1.2021-30.9.2021 година, односно нето-добивка во износ од 382,66 милиони денари, што е значителен пораст на добивката за 364,66 отсто споредено со истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2021-30.9.2021 година се задржаа на релативно стабилно ниво, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година. 

Фокусот на контрола на расходите по камати придонесе за нивно намалување од 9,96 отсто, со што во голема мера се компензираше намалувањето од 4,45 отсто на страната на приходите од камати, кои неминовно го следат надолниот тренд на активните каматни стапки во банкарскиот сектор, намалувањето на основната каматна стапка на НБРСМ, а воедно ја одразуваат и намалената економска активност како последица на ковид-кризата. Следствено, нето-приходите од камати се пониски за само 4,76 милиони денари, односно 2,18 отсто споредено со остварените во периодот 1.1.2020 -30.9.2020 година. Остварувањето на планот за третиот квартал од 2021 година во оваа позиција изнесува 80,59 проценти.

Нето-приходите од провизии и надоместоци забележаа солиден раст од 13,73 отстро, односно 13,30 милиони денари споредено со периодот 1.1.2020 -30.9.2020 година. Притоа кај приходите од провизии и надоместоци беше евидентиран позначаен годишен раст од 20,73 милиони денари, додека расходите пораснаа за 7,43 милиони денари. Остварувањето во оваа позиција го надминува планот за третиот квартал од 2021 година за 19,54 проценти.

Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ. Останатите приходи од дејноста се повисоки за12,47 отсто, што главно е резултат на ослободувањето резервации за потенцијални обврски во тековната година, што не е случај во претходната година. Исто и во оваа позиција реализацијата е поголема од планот за третиот квартал од тековната година за 15,57 проценти.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа е позитивна во износ од 301,69 милиони денари, што генерално се должи на ослободенатаисправка на вредноста од наплатата на претходно отпишано побарување нетирано со резервациите за пласмани според проценките на ризик. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа е позитивна и изнесува 15,77 милиони денари,следствено на продажба на дел од преземениот имот во согласност со поставените плански цели.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,72 отсто споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 92,33 отсто. Останатите расходи од дејноста не бележат позначајни годишни промени во апсолутен износ, а реализацијата на планот изнесува 91,53 проценти. Амортизацијата е зголемена за 14,27 отсто на годишна основа, а планот е остварен со 83,52 проценти.

Инаку, во периодот 1.1.2021-30.9.2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

Дивиденди

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2020 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собранието на акционери, одржана на 26.5.2021 година, Банката не исплати дивиденда за 2020 година.

Банката информира и дека недвижностите и опремата бележат зголемување од 140,89 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2020 година, како резултат на стекнат недвижен имот во градба по основ на наплата на претходно отпишано побарување.

Обврските по кредити се намалени за 16,13 отсто споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2020 година.

Очекувања за претстојниот период

Во периодот што следува, Банката очекува одредено стабилизирање на макроекономско опкружување и умерено нагорно придвижување во економијата во услови на присутна неизвесност, пред сè од расположливоста и движењето на цената на енергенсите во глобални рамки и во домашната економија.Во согласност со Деловната политика, со развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење, со фокус на јакнење на

депозитниот потенцијал и поддршка на економијата преку кредитирање бонитетни клиенти - правни и физички лица, кон понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилени мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрувањена квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. 

„Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел да се приспособи понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент, а воедно и да се следи процесот на забрзана дигитализација во земјите во развој како последица на ковид-пандемијата. Воедно, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за понатамошно профитабилно работење“, се вели во информацијата од Стопанска банка Битола.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?