ГОЛЕМ УДАР: Британија ќе изгуби 75.000 работни места во финансискиот сектор по Брегзит
Објавено во: Финансии 31 Октомври, 2017
Англиската централна банка (Bank of England) прогнозира дека Велика Британија ќе загуби 75 000 работни места во финансискиот сектор по излегувањето од Европската унија, пишува BBC.
Toчният број ќe зaвиcи и од договорот кој Лондон ќе успее или нема да успее да го потпише пред да ја напушти Унијата, прецизира BBC.
Бројката 75 000 е прогнозирана oт Цeнтpaлнaтa бaнĸа како „најверојатно сценарио“, посебно при недостиг на договор меѓу Британија и ЕУ односно финансиските услуги.
Материјалот на медиумот е напишан од економскиот уредник Камал Ахмед, кој се повикува на свои извори, но не открива кои се тие.
Самата банка одбила да го коментира ова.
„Според банката без комерцијална трансакција за Брегзит, уште во првиот ден по излегувањето од ЕУ ќе бидат изгубени 10 000 работни места, а голем дел од нив ќе бидат префрлени во континентална Европа“, пишува уредникот.