26 Април, 2024
0.0351

Голема имотна зделка направена во Европа за 1,1 милијарда евра

Објавено во: Економија 03 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Берлин стана сценa на еден од најголемите европски договори за имот оваа година. 

Мултифункционалната зграда на Sony Centre во германскиот град беше купена за износ од 1,1 милијарда евра, објави Фајненшал тајмс. 

Купувачи се Oxford Properties - единицата за инвестиции во недвижен имот на канадскиот пензиски фонд Ontario Municipal Employees Retirement System, и американската компанија Madison International Realty. 

Тековен сопственик на зградата беше Јужнокорејскиот национален пензиски фонд. Sony Центарот се наоѓа на околу 25.000 квадратни метри во центарот на Берлин. Зградата вклучува канцеларии, продавници, рекреативни области, како и 67 апартмани. 

Меѓу големите станари на површина во комплексот се Facebook, Sanofi, Sony, Deutsche Bahn и компанијата за споделен работен простор - WeWork. 

Државниот пензиски фонд на Јужна Кореја ја купи зградата во 2010 година во висина од 585 милиони евра, и ова беше прва инвестиција на фондот во Европа. Sony Corporation ја заврши изградбата на комплексот во 2000 година.

Оваа зделка е прва за Oxford Properties во Берлин, а Канадскиот пензиски фонд поседува имот во Лондон и Париз. Договорот е дел од плановите на Oxford Properties да ја зголеми вредноста на средствата со кои управува во континентална Европа, до ниво од 5 милијарди долари во рок до 2020 година, посочува Пол Брундејџ, виш управен директор за Европа на Oxford Properties. 

Имотот на компанијата, кој се наоѓа во Лондон, го вклучува трговскиот центар Royal Exchange, кој се наоѓа во срцето на градот. Претходно оваа година компанијата продаде 50% од уделот во лондонскиот облакодер Cheesegrater за 1.15 милијарди фунти на кинескиот инвеститор CC Land што е и најголемата сума платена за единечна имотна трансакција во Европа оваа година. Според зборовите на Брундејџ, покрај стекнување на комплексот во Берлин, компанијата ќе продолжи да има долгорочна посветеност на пазарот на канцелариски простор во Лондон. 

Компанијата со седиште во Њујорк, Madison International Realty, исто така, поседува акции во разни комерцијални објекти во Лондон, вклучително и заедно со Oxford Properties. Североамериканските пензиски фондови се најбрзорастечки институционални единици во светот за раст на средствата во последните 5 години. 

Канада ја надмина Британија, рангирајќи се на 5-то место во светот со износот на средствата што ги менаџираат пензиските друштва. Се чини дека големи договори за недвижнини се разбудуваат насекаде во Европа.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина