30 Април, 2024
0.0254

Големата промена на семејствата во САД

Објавено во: Анализа 15 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Освен тоа што ќе знаеме колку не има, добро е да има попис за да видиме како се менува демографијата во која живееме. Додека не успееме самите да се преброиме решивме да ви го презентираме начинот на кој се менува американското општество во изминативе неколку декади. Карактеристи кои веројатно ги имаат поголем дел од развиените економии. Времето во кое и ние живееме бара големи ангажмани како би можеле да обезбедите подобар живот за себе и своето семејтво. Социјалниот притисок наметнува да создавате поколенија на кои многу работи треба да им бидат овозможени како би имале шанса понатака во животот. Таквата поставеност на работите очигледно дека доста влијае да се намалува бројот на семејтва, да има се повеќе самци и сл. Впрочем, уверете се сами, ова се податоци од официјалната статистика на САД Само 20% од домаќинствата се содржат од двајца родители и барем едно дете. Фрапатна преполовеност од 40% пред четири декади. Поголемиот број разводи и тргањето на разводот како табу тема веројатно е една од причина за оваа обратна прогресија. Од друга страна значително е зголемен бројот на самци, жени и мажи. Особено изразено е кај мажите, па така 12% од домаќинствата во САД, всушност се самци мажи. Еве и пресек на демографијата за самци во најголемата екомија во светот. Мажите како што кажавме сакаат се повеќе да живеат сами или немаат време да најдат жена. Карактеристика што не се сменила кај жените е тоа што очигледно имаат повеќе желба и време да си најдат партнер. Па така процентот на сами жени во демографијата од 15-64 е скоро ист. Во прилог на оваа теза оди податокот е дека процентот на сами постари жени е опаднат од пред четири декади. Заклучок,  во САД изгледа полесно се наоѓаат партнери во поодминати години И за крај податок што е карактеристичен за многу домаќинства во развиени економии, нивниот брoј постојано се намалува. Не е наведено дали главна причина за ова е осамостојувањето или намалениот наталитет, но факт е дека бројот на домаќинства со пет или повеќе луѓе е преполовен, а од друга страна бројот на самците е значително пораснат. Редакција Фактор