27 Април, 2024
0.0284

Голем пад на бројот на говеда, свињи и кози во фармите

Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Вкупниот број говеда во Македонија во 2012 година во споредба со 2011-та се намалил  за 5,3 проценти. Според Државниот завод за статистика, бројот на говеда кај индивидуалните земјоделци е намален за 4,5 проценти, а кај земјоделските претпријатија и задруги има намалување за 29,7 проценти.

Во истиот период бројот на свињите кај деловните субјекти е намален за 23,3 проценти, а кај индивидуалните земјоделски стопанства за 1,8 проценти. Намалување на бројот на овците за 3,4 проценти е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, а кај деловните субјекти бројот е намален за 27,8 проценти.

Статистика регистрира намалување и на бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства за 12 проценти, а кај деловните субјекти за 48,1 процент.

Бројот на живината кај индивидуалните земјоделски стопанства во 2012 година, во споредба со претходната  година, е зголемен за 0,4 проценти, но кај деловните субјекти е намален за 26,6 проценти.

Вкупното производство на месо е зголемено за 6,9 проценти при што производството на свинско и живинско месо е во пораст, а производството на говедско и овчо месо бележи пад.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади