Гонзалес: Сега ние сме најдобрите, следната сезона ќе се потрудиме повеќе
Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2017
Тренерот на ракометниот клуб „Вардар“, Раул Гонзалес денеска на плоштадот се заблагодари на сите за поддршката.
„Ја ценам Македонија. Сакам да се заблагодарам на моите играчи, сите играа со срце, секој ден. Исто така сакам да се заблагодарам на нашиот претседател. Без него ние немаше да бидеме тука. Сега ние сме најдобрите. Јас ветувам дека следната сезона ќе се потрудиме многу, како оваа сезона и ќе видиме“ - рече Гонзалес.
Тој беше поздравен со овации од присутните на плоштадот.