02 Мај, 2024
0.0260

„Google“ го запира „Google+ Photos“ на 1 август

Објавено во: Стил 21 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Денес „Google“ соопшти дека ќе престане со апликацијата „Google+ Photos“, за да отвори пат на монотерапијата само „Google Photos“ што се појави на крајот на месец мај. Разликата е дека веќе не се потребни профилите очигледно на неуспешната социјална мрежа „Google+“, за да ја користите апликацијата.

Процесот за запирање на стариот софтвер започнува на 1 август за клиентите со „Android“, а малку подоцна и за „web“ и „iOS“ корисниците.

„Google Photos“ дава можност за чување и уредување на 16-мегапиксели слики и видео 1080p, како и споделување преку линкови, а не како досега само преку е-мејл. Другите функции се синхронизација со „Google Drive“ и автоматско групирање на фотографиите и луѓе, места и др.

За корисниците на „Google+ Photos“ транзицијата е непречена и нивните слики и видеа ќе бидат префрлени автоматски кон новата апликација.