26 Април, 2024
0.4692

Google има рецепт против „Велешките“ лажни вести

Објавено во: Свет 18 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Google планира да воведе нова алатка со која ќе може да им наштети на сајтовите кои објавуваат лажни вести и прават скандалозни наслови само за да привлечат кликови со што може да влијаат врз изборните кампањи и демократските процеси, како што тоа се верува дека се случило во САД при изборот на Трамп иако тоа е голем изговор на Хилари Клинтон и Демократската партија за неспособната кампања и немањето храброст да се избере друг кандидат како Берни Сендерс.

Google овие негативни појави со ширењето на лажни вести ќе ги спречува или барем ограничува со тоа што сајтовите ќе мора да прикажат од која земја потекнуваат. Така на пример ако Велешани сакаат повторно да пишуваат содржини со лажни вести на нивните веб сајтови ќе биде видливо дека се од Република Македонија. Во спротивно Google нема да прикажува вести од овие или било кој други веб сајтови кои ја кријат земјата на потекло.

Портпарол на Google објасни дека компанијата ги надградува своите политики кои се рефлексија на мрежата која постојано се менува и тоа значи гарантирање дека луѓето ќе може да разберат од каде доаѓаат нивните онлајн вести. Поточно ќе биде спречено од една земја да се креираат лажни вести за пропаганда во друга земја, или барем на читателите тоа треба јасно да им биде откриено, па тие потоа да решат што ќе прават со информацијата. 

Ова е и закана за сите останатите автори кои креираат веб сајтови на англиски јазик, а се од Македонија или било која друга земја на светот и не сите пишуваат за политика, но штом објавуваат вести и редовни постови најверојатно ќе бидат подложени на истите правила на Google. 

На тој начин што читател види дека сајтот не е од САД или од земја од англиско говорно подрачје ќе може во целост да ја доведе кредибилноста на медиумиот иако тој можеби воопшто не пишува лажни вести.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни