29 Април, 2024
0.0240

„Google“ сака да ги контролира градовите

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

„Google“ ја продолжува експанзијата во новите сфери на човечкиот живот. Амбициите на IT гигантот овој пат се насочени кон создавање на нова независна компанија со назив „Sidewalk Labs“, соопштуваат од технолошкиот сајт „PixelMedia“. Според зборовите на извршниот директор на „Google“ Лари Пејџ, нивната активност ќе биде насочена кон контролата на развојот на градовите.

Засега овој проект звучи доста чудно, но плановите на компанијата се сериозни - за извршен директор на „Sidewalk Labs“ е назначен Дан Доктороф, поранешен заменик-градоначалник на Њујорк во економскиот развој и шеф на новинската агенција „Bloomberg“. Предводена организација од него ќе го следи подобрувањето на животот во градовите, што ќе се постигнува со развојот на новите технологии.

Се претпоставува дека „Sidewalk Labs“ ќе може да влијае на многу аспекти од градскиот живот, вклучувајќи ја ефикасноста на транспортниот систем и трошоците на енергетските резерви. Нешто повеќе, компанијата планира да помага на државата во зголемување на ефикасноста на управувањето со градовите и намалувањето на цената на животот во нив. Првиот град, со кој ќе работи „Sidewalk Labs“, ќе биде Њујорк.

Лари Пејџ го спороведува новиот голем проект на неговата компанија со ветувачка поделба на „Google X“, што претставува експериментално-истражувачки центар, како и со биотехнолошка компанија „Google Calico“ која бара патишта за продолжување на човечкиот живот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти