06 Мај, 2024
0.0250

„Google“ знае каде сте биле и тоа ќе ви го покаже

Објавено во: Стил 23 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Ако ги користите активно услугите на „Google“ сигурно сте свесни дека компанијата собира информации за локацијата, за да може да покажува корисно контекстуални информации.

Количеството на собирање податоци сепак може да ве изненади ако ја видите новата функција Your Timeline (Времеплов) која е достапна не само на сајтот на „Google Maps“, туку и во мобилна апликација за Android (сеуште не е во „Play Store“, но може да го преземете од тука), во случај ако не сте ја активирале опцијата „Location History“.

Таа обезбедува лесен начин да видите каде сте биле во даден ден, месец или година, го покажува правецот на кој сте се движеле па дури и ги покажува местата на кои сте биле. А ако користите „Google Photos“ ќе ги видите и направените слики. Функцијата е персонална, а информациите во неа се достапни само за вас. Освен тоа, може да изберете кои посетени места да се задржат и кои не. Има и можност да поставите имиња на најчесто посетени места, кои потоа ќе гледате на „Google Maps“.