30 Април, 2024
0.0241

Горан Трпеноски, „ВЕСТ“: На Балканот ништо ново!

Објавено во: Анализа 19 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Де-жаву. Веќе виден дипломатски избалансиран извештај без датум.  Се гледа дека Европа ја подржува Владата на Груевски, не сака јасно да му  даде сигнал дека состојбата во медиумите е алармантна. Пишува: Продолжува загриженоста во врска со недоволната транспарентност на владиното рекламирање и самоцензурата, што се должи на економските притисоци врз новинарите и сопствениците на медиумите. Извештајот е напишан за да може секој да си го толкува како сака, а власта ги контролира скоро сите медиуми, па граѓаните нема да можат да прочитаат ниту да видат до кое дереџе сме дојдени. Опозицијата конечно треба да се отрезни  да види дека ЕУ го подржува Груевски, а не СДСМ да биде полтронско расположена кон странците. Оти, без ВМРО-ДПМНЕ не може да се дојде до решение за името. Мора да биде на власт и да го реши спорот со Грција. Ако оди во опозиција тогаш може да има дестабилизација. Груевски тоа го знае и го користи максимално за да им удира шамари на европјаните. Ако го гледaме неутрално, извештајот е добар за владата, негативностите најголеми се за медиумите, корупцијата и судството. Тука мислам и дека ќе падне Груевски и со сила ќе го донесе Законот за медиуми, а од ЕУ И САД има дискретно укажување да се одложи законот оти може Македонија да ја изгуби  препораката.
Фактор Ви ги презентира ставовите на дел од македонските новинари за извештајот на ЕК.