ГОРБАЧОВ: Трамп и Путин се среќаваат на место каде јас преговарав со Буш-средбата ќе биде историска
Објавено во: Свет 29 Јуни, 2018
Поранешниот советски лидер Михаил Горбачов смета дека претстојниот состанок на претседателите на САД и Русија би можел да биде историски.
Горбачов рекол дека, доколку Владимир Путин и Доналд Трамп направат чекор кон соработка, нивната средба би можеле да бида запишана во историјата како голем момент.
Тој истакнал дека Хелсинки, главниот град на Финска е совршено место за тој состанок.
АП потсетува дека Горбачов се состанал во Хелсинки во 1990 година со тогашниот американски претседател Џорџ Буш постариот.
Кремљ и Блата куќа претходно, во синхронизирани соопштенија, потврдија дека Трамп и Путин ќе се состанат на 16 јули во Хелсинки.