ГОСПОД ДА НИ Е НА ПОМОШ ЗА ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ-СТРУГА: Д-р Бектеши загрижено „ова веќе не се издржува
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022
Д-р Вулнет
Бектеши укажува на исклучително лошата состојба на Детското одделение во
болницата во Струга, нагласувајќи дека таквата ситуација повеќе не се издржува.
По објавата на Фејсбук пишува дека нема потреба од лајкови, само да се повикаат
јавно министерот за здравство, Беким Сали и директорите на болниците за да се
направи нешто кон кретно.
-СЕКОЈ ДЕН СЕ ПОВЕЌЕ ПАЦИЕНТИ.. СЕ ПОМАЛКУ ЛЕКАРИ
ОВА ВЕЌЕ НЕ СЕ ИЗДРЖУВА
Во име на детско одд. СТРУГА го молиме господинот Премиер, министерот за здравство , директорите на општите болници Струга и Охрид .. Да се најде решение.. А се ова за здравјето на најмалите и најмилите... За децата ( нема потреба од лајкови.. Само да се тагнат Министерот и директорите.. За да се превземе нешто конкретно...)