ГРАД ВО СОСЕДСТВОТО БАРА РАБОТНИЦИ: Им требаат од заварувачи до пица мајстори
Објавено во: Економија, Балкан 07 Мај, 2019
Во српскиот град Крагуевац бараат работници, а им фалат од заварувачи до пица мајстори.
Барани се бравари, заварувачи, столари, шивачи, тапетари и пица мајстори.
Добрите заварувачи може да заработат плата дури и од 100.000 динари.
Минималната плата за монтери и шивачи е 25.000 динари.
Дури и луѓето кои немаат квалификации можат да се обучат и за брзо време да се вработат. Во градот има 4.800 луѓе кои се без квалификации.
Повеќе од половина од нив се жени, а младите од 15 до 30 години сочинуваат 14%.