ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА СО МАИЧКА НА WONDER WOMAN: На Фејсбук се споделува фотографија од нејзината средба со полскиот амбасадор
Објавено во: Македонија 08 Јуни, 2023
На социјалните мрежи наголемо се коментира неодамнешната фотографија од средбата помеѓу градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик, на која се гледа Арсовска, облечена во лежерен стил. За многумина дури и премногу лежерно. Имено, таа на себе носи маичка со познатиот лик „Wonder Woman“, на што граѓаните реагираа дека стајлингот не одговара со пригодата.