06 Мај, 2024
0.0222

ГРАФИКА: Кој троши најмногу пари за чоколадо!?

Објавено во: Стил 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Љубовта кон чоколадото е во целиот свет, но жителите на која земја трошат најмногу пари за него?

Според податоци на Euromonitor Швајцарците годишно издвојуваат најмногу средства за чоколадо по глава на жител. Ова веројатно не е особено големо изненадување за земјата каде официјалниот туристички сајт ги охрабрува посетителите да ја пробаат чоколадната када, коментира Guardian.

Според прогнозите Швајцарците најверојатно ќе одделат 236,70 долари по лице за чоколадо во 2015 година. Ирска и Велика Британија се на второто и третото место со 146,90 долари и 146 долари.

Податоците сепак не откриваат дали високите трошоци се поради поголем број купени чоколади, или поради повисоката цена, но со подобар квалитет.

Иако САД се гордеат со својот огромен чоколаден пазар, кој ќе достигне до 3,1 милијарди долари во 2015 година, тие едвај успеваат да влезат во Топ 20 земји со највисоки трошоци за чоколадо по глава на жител.

cokolado1

Според Euromonitor повеќе од 100 милијарди долари ќе бидат потрошени за чоколадо во целиот свет во 2015 година, а речиси 27 милијарди долари ќе одат за чоколадни коцки, меѓу кои најомилени се млечните. Ова е најпопуларното чоколадо на големите пазари како САД, Велика Британија и Германија.

Не во сите земји, сепак ова е прв избор. Повеќе од 50% од продадените чоколади во Израел и Иран се црни, а во Литванија се забележа раст од 10,3% на продажбата на црни чоколади во 2014-15 година.

Темно чоколадо е префериран избор и во Велика Британија во последните години. Тоа содржи висок процент на какао во споредба со млечното, што значи дека има значително помалку шеќер и масти од какао и путер. Затоа се смета и за поздрава опција.

Како што сепак наведува Џек Скели, аналитичар во Euromonitor, црното чоколадо е и поскапо заради високата содржина на какао.

"Млечното чоколадо во принцип е најпопуларниот избор", вели Скели. "Во региони како Азија и Пацификот, каде човек троши во просек по 3 долари за чоколадо годишно, во споредба со 57 долари во САД, црното чоколадо е надвор од финансиските можности на многу луѓе".

Скели вели дека потрошувачката на чоколадо е во стагнација во Западна Европа и Северна Америка. Помеѓу 2010 и 2015 година, обемот на продажбата на производот е намален за 2% во Северна Америка и со 3% во САД, бидејќи е "тешко да се натераат луѓето да јадат повеќе чоколадо отколку што тие веќе консумираат".

Луѓето кои стануваат се повеќе внимателни со производите со висок процент на шеќер и масти, исто така се фактор за промената. Постојат и други случувања сепак. Во истиот период вредноста на продажбата во Западна Европа и Северна Америка се зголемени за 2% и 4%. "Ова делумно сугерира дека Западот претпочита да купува повеќе high-end чоколадо, но поретко од порано. Навистина веруваме дека продажбата на црна чоколада се зголемува ", вели уште Скели.

Луксузни брендови како Lindt (чија продажба се зголеми за 65% во последните пет години), како и многу брендови се претстават уште подобро, тврди Euromonitor. "Мислам дека корисниците веќе почнуваат да очекуваат квалитетни производи, и се подготвени да платат повеќе за тоа", додава Скели.

Обработка: К.К. Извор: Guardian