26 Април, 2024
0.1021

ГРАФИКА: Лидерите во зелена енергија!

Објавено во: Анализа 01 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Веста дека Индија го отворила првиот аеродром, напојуван целосно од сончева енергија, го нагласува сериозниот раст на обновливата енергија во последните години, коментираат од World Economic Forum. Секторот расте силно покрај драматичниот пад на цената на нафтата. Во минатата година 59% од целата енергија што се создава во светот, доаѓа од обновливи извори. Од последниот извештај на REN21, глобалната мрежа на политиката за енергија од обновливи извори, станува јасно дека обновливите извори формирале околу 27,7% од светскиот капацитет за генерирање на енергија во крајот на 2014 година. zeleni1 Кина е светски лидер во секторот за обновлива енергија, а САД го зазема второто место. Германија е рангирана на третата позиција, но само ако хидроелектричната енергија не се вклучува во базата. Ако таа се земе предвид, тогаш Бразил ќе го заземе третото место. zeleni2 Работите изгледаат многу различно кога капацитетот се мери на база глава на жител како што петте водечки позиции во рангирањето ги позајмуваат од земји во Европа: Данска, Германија, Шведска, Шпанија и Португалија. Обработка: К.К. Извор: World Economic Forum