05 Мај, 2024
0.0231

Граѓаните се гушат, а никој не проверува каков е квалитетот на горивата!

Објавено во: Анализа 26 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Во Македонија постои сериозен проблем со контролата на квалитетот на горивата кои се продаваат на бензинските пумпи, предупредуваат експерти за Фактор. Иако неквалитетните горива, зголеменото присуство на сулфур и на штетни честички во бензините се една од главните причини за загадувањето на воздухот, надлежните и покрај сите ветувања не успеваат да воспостават систем за редовна и систематска контрола на квалитетот на горивата. Според сегашната состојба редовна контрола за квалитетот на горивата се прави само при нивниот увоз од страна на царината, додека подоцнежната употреба на горивата на пумпите останува проблем. Професорот Миле Димитровски од машинскиот факултет во Скопје вели дека тој веќе не е запознаен со квалитетот на горивата во земјата, бидејќи од пред две години веќе не ги гледа анализите на квалитетот.
Кај мене не носат веќе материјали за анализи, носеа порано, но сега го носат во други лабаратории, во ОКТА, Макпетрол, и некоја друга лабараторија. Така да порано бев во тек со квалитетот, но денес не знам, и ве упатувам за квалитетот за горивата да прашате во лабараториите кои денес го мерат, верувам дека имаат информации – вели Миле Димитриевски, професор на Машинскиот факултет од Скопје
Од Министерството за економија за Фактор велат дека во однос на квалитетот на течните горива се применува правилник донесен во 2007 – та и дополнет во 2008 – та година. Од економија велат дека правилникот е усогласен со европските стандарди и директиви, а инспекцискиот надзор го врши Државниот пазарен инспекторат. А од инспекторатот за Фактор велат дека тие немаат одредени или редовни термини за контрола на квалитетот на горивата. Исто така потврдуваат дека немаат ниту план колку пати и во кој временски интервал годишно треба да ја направат контролата, бидејќи во буџетот немаат посебно предвидени пари за таа намена. Ние сепак правиме контроли, еве на пример пред два месеца од 15 бензиски пумпи земавме по два примерока од „евро – супер 95“ и “Дизел“ горивото. Од сите 30 примерока најдовме отстапување на граничните вредности во однос на зголемено ниво на сулфур. Во горивата имаше околу 40 милиграми, наместо дозволените 10 – велат од Државниот пазарен инспектора Од  Државниот пазарен инспекторат појаснуваат дека контролите ги прават во две акредитирани лабаратории, на ОКТА и на Макптерол. ДРЖАВАТА СЕУШТЕ НЕМА СВОЈА ЛАБАРАТОРИЈА ЗА ПРОВЕРКА НА КВАЛИТЕТОТ НА ГОРИВАТА Иако со години се зборува за проблемот околу немањето на државна лабараторија за проверка на квалитетот на горивата, ништо сеуште не е направено на тој план. Познавачите велат дека по опремувањето на Институтот за Хемија при Природно математичкиот факултет со современа лабараторија за испитување на квалитетот на горивата, очекувале токму таа да стане референтна лабараторија, но тоа не се случи а причините се непознати. Фактор го контактира професорот Богдан Богданов кој раководи со лабараторијата на Институтот за Хемија, кој вели дека Државниот пазарен инспекторат само еднаш донеле примероци на анализа во неговата лабараторија. За квалитетот на горивата треба да се разговара, што се однесува до Пазарната инспекција која е надлежна, тие донесоа примероци за анализа еднаш. Инаку правиме анализи за увезените горива, и можам да кажам дека при увозот нема проблем, од стотина нафтени деривати, сите се добри, што се однесув на содржината на сулфур – вели професорот Богдан Богданов, од институтот за Хемија Инаку и при прекинувањето на производството на рафинеријата ОКТА, за Дневник од рафинеријата посочија дека една од причините се неквалитетните горива кои се продаваат од конкуренцијата, што ја намалувало продажбата. Многу лесно се доаѓа до лиценца за увоз на деривати, а бидејќи нема каде да се провери нивниот квалитет, тие се поевтини и ги истиснуваат нашите производи. Нема шанса горива адекватни на квалитетот на нашите да имаат пониска цена – кажаа од ОКТА тогаш за Дневник. При средбите со раководството на ОКТА министерот за економија Ваљон Сарачини тогаш признава дека постои проблем со проверката на квалитетот на горивата. На 16 Март 2012 Сарачини вели дека посоти потреба од поефективна контрола и инспекциски надзор на квалитетот на течните горива. Поради ова, а согласно ЕУ регулативата во предметната област, со Уредбата, покрај другото предвидено е и донесување на Програма за следење на квалитетот на течните горива, која ќе биде изготвена во согласност со европските стандарди за контрола на квалитетот на горивата. Сепак до денес година и пол по оваа констатација на министерот не постои програма за следење на квалитетот на течните горива, и како што му е кажано на Фактор, Државниот пазарен инспекторат врши само спорадична а не системска контрола. ЗАГАДУВАЊЕТО УБИВА ПОВЕЌЕ ОД ПУШЕЊЕТО, НО НИКОЈ НЕ СЕ ТРЕВОЖИ Во публикацијата на Светската здравствена организација од Октомври 2013 – тата, се посочува дека загадувањето на воздухот е главен и директен предизвикувач на ракот на белите дробови, додека азбестот, цигарите и ултравиолетовото зрачење имаат секундарна улога. Експертите на СЗО велат дека загадениот воздух што се вдишува на улица е опасен микс кој може полесно од пушењето да предизвика рак на белите дробови. Според истражувањето на СЗО Македонија е на поразително 19-то место во светот по бројот на заболени од рак на дишните патишта. Концентрацијата на штетните честички во Скопје и Тетово достигнува вредности што се до 20 пати над максимално законски дозволените. Овие податоци на СЗО доаѓаат по истражувањето од 2012 – тата според кое во Македонија годишно умираат 1350 луѓе од загадениот воздух. Податоците покажуваат дека доколку се намали загадувањето до граничните вредности на ЕУ, би се заштедиле 253 милиони евра годишно или 3,2 проценти од БДП – то од 2012 година. Како интересна мерка пред неколку месеци дојде  од Министерството за животна средина, кога државниот секретар Соња Лепиткова најави мерка за намалување на можноста за регистрација на возилата кои загадуваат.
Автомобилите, автобусите, камионите и сите товарни возила за кои ќе биде утврдено дека со зголемената концентрација на издувните гасови ја загадуваат животната средина во Македонија повеќе од законски дозволеното, нема да можат да ги регистрираат своите возила, вели државниот секретар во министерството, Соња Лепиткова.
Сепак кога Фактор сега го контактира Министерството за животна средина, велат дека не се информирани за таква мерка, или прелог закон. Велат дека најверојатно се работи за забуна, или можност Лепиткова да зборувала за мерка на некое друго министерство, која била разбрана како мерка на Министерството за животна средина.   С.Р.

Можеби ќе ве интересира

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад