Гаранциите пратени кај Иванов-мнозинството чека повратен одговор
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2017
Повикувајќи се на информации од мнозинството ТВ24 пренесува дека текстот на гранциите кои ги бара шефот на државата се пратени во кабинетот на Иванов.
Сега парламентарното мнозинство чека фидбек од претседателот кој најверојатно ќе стигне утре.
Доколку нема поголеми несогласувања, веќе во вторник, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и официјално во името на новото мнозинство ќе му ја достави гаранцијата на шефот на државата, а очекувањата се претседателот да го додели мандатот.
Според неофицијални информации шеофт на државата пред да му истече рокот за доделување а мандат ќе замине на службен пат на 18 мај.