19 Мај, 2024
0.0298

ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА Е ВО ЧАШКА, АМА НЕМА НИ ЧАШКА ВОДА ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ - синдикатот е револтиран, цистерна е „вселенска“ технологија

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Синдикат на полиција во Македонија, преку свое фејсбук обраќање денеска ја информира јавноста дека во полициската станица за граничен надзор Чашка, веќе цела недела, полициските службеници се оставени без вода за пиење, а камоли за хигиена и други потреби.
„21ви век!!! Што значи тоа? За МВР значи дека нема основни услови за работа!

Колеги пуштени на преживување без вода!!! Освен ако си наполнат од изворче или ако си купат. За кафе, де, не мора да има за хигиена. Скраја да е да имаат потреба од миење раце. Или чаши, садови, прибор. Не дај боже пак цистерна да им се обезбеди, галиба "вселенска" технологија е тоа за нас. Па така :ќе си купуваат" диспанзери за вода, баш како ГП ГН Чашка. Од немајкаде, од сопствен џеб. Е ама и тоа има рок. И тоа се расипува. И што тогаш?“, пишуваат од синдикатот.

Велат дека наместо некој во МВР да си го стави прстот на глава и да им обезбеди вода, основен услов за живеење а камоли за работа, ќе мораат да бараат помош.

„ЗА ВОДА!!! Еееј за вода за пиење немаат колегите, небаре Африка сме во Сахара,а не среде Европа. Каде си МВР, сега да дојдеш, да се појавиш…"

Ама сигурни сме дека ќе се појави друг, дотичен ДООЕЛ "Привезок" да го спасат МВР од срамови. Со нивниот буџет над пола милион евриќи, еден диспанзер е играчка. А ние, за жал, можеме да обезбедиме само чаши. Пластични. Од свој џеб.

БАРАМЕ МВР ДА СИ ЈА ИСПОЛНИ ОБВРСКАТА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОСНОВНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА ВО ПС за ГН ЧАШКА.

Немаат вода колегите или да почекаат снег да падне???

Има ли Командир на таа станица, има ли Началник на РЦ за ГР за таа станица, има ли Директор на БЈБ. ШТО ПРАВИТЕ?“, се вели во објавата на фејсбук на Синдикатот“, се нагласува во фејсбук објавата.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична