14 Мај, 2024
0.0233

ГРАШКОСКА: Локалите да ги почитуваат и новите мерки, за една недела седум кривични пријави против угостителски објекти, од кои две за свадби

Објавено во: Економија 21 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

За една недела пазарните инспектори изрекле седум кривични пријави, од кои две за свадби, а пет за непочитување на другите здравствени протоколи. 

Директорката на Инспекцискиот Совет Магдалена Грашкоска днесека на пресконференција соопшти дека во земјава има голем број новоинфицирани, поради што Владата предложи нови мерки.

„Инспекциските служби ќе продолжат со редовни контроли и санкции каде нема да се почитуваат здравствените протоколи“, најави Грашкоска. 

Вчера Владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести со кој се ограничува работното време на угостителските објекти до 23 часот, а превозот на патници во јавниот превоз се ограничува на 50 отсто од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. 

„Денеска овие мерки ќе се објават во Службен весник, со што веднаш ќе стапат на сила. Затоа апелирам до сите економски оператори да ги почитуват овие мерки, а инспекциските служби редовно ќе вршат контроли за нивно почитување“, рече Грашкоска. 

Соопшти дека од 12 до 18 октомври, шесте инспекциски служби извршиле вкупно 2.183 контроли во врска со законите, но и по однос на владините одлуки од кои произлегуваат протоколите. 

Од Пазарен Инспекторат извршиле 1.118 контроли, а изречени се 24 прекршочни пријави за нерегистрирана дејност или пречекорување на работно време. Поднесени се 7 кривични пријави против угостителски објекти, од кои две кривични пријави се однесуваат за организирање на свадба во Тетово и во Скопје, и уште пет кривични пријави за угостителски објекти во Скопје, кои не ги почитувале протоколите во смисла на дозволено растојание меѓу масите, бројот на маси во локалот и слично. Пазарните инспектори изрекле и 52 решенија и 72 платни налози за различни субјекти. 

Инаку, Грашкоска рече дека сега инспекциските служби ќе имаат доволно капацитет да ги проверуваат угостителските објекти, бидејќи и досега, кога работеа подоцна, се успеваше да постигне да се проверат сите угостителски објекти каде имаше потреба, а не сага кога работното време ќе биде пократко. 

„Предизвици има постојано, но верувам дека колегите ќе се справат. А за соработката со другите институции, таа ќе продолжи и натаму“, рече Грашкоска. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра