19 Мај, 2024
0.0257

Гравот поскап од месото – 300 денари за килограм

Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2013

Добивај вести на Viber

300 денари за килограм грав, овие најави ги исплашија денеска битолските пазарџии. Како што објави локалната телевизија Тера, годинешниот грав сеуште го нема на тезгите, но ако тетовскиот грав чини 300 денари,  тие нема да го набавуваат. „ Ланскиот чини 150 до 180 денари, а Тетовски годинашен нема сеуште. По најавите дека ќе биде околу 300 денари нема ни да го купуваме за да го препродаваме", вели еден од пазарџиите кој додава дека поскапеле повеќе производи. „Поскапување има многу, само во последната недела забележавме дека оризот и гравот се поскапени за околу 20%". Скапите цени ја намалуваат продажбата. Ако гравот стигне до 300 денари, купувачите велат подобро за тие пари ќе си купат месо. Земјоделците забележуваат дека родот на гравот годинава е низок, па сметаат дека и цената ќе биде висока.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?