26 Април, 2024
0.0326

Грчкиот премиер Ципрас со порака за надеж за соработка со Заев

Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, денеска упати честитка до претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, по повод преземањето на премиерската должност, во која меѓу другото најави дека очекува зголемено ниво на соработка меѓу двете земји.

- По повод преземањето на Вашите должности како Премиер, ви изразувам честитки и најдобри желби за успех, истакнува премиерот на Грција, Алексис Ципрас.

- Република Грција останува посветена на промовирањето на стабилноста, безбедноста и соработката во Југоисточна Европа. Врз основа на ова, мојата Влада е спремна тесно да соработува со Вашата, со цел да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и односи, вклучително и преку тековните мерки за градење доверба, додава Ципрас.

- Уверен сум дека Вашата Влада ќе покаже политичка решителност да работи на промовирање на позитивна агенда за нашите билатерални односи, оставајќи ги зад себе, еднаш засекогаш, анахронизмите од минатото и фокусирајќи се на иднината на нашите земји и регионот. Во очекување сум на блиска соработка со Вас, почитуван колега, стои во честитката на грчкиот премиер Алексис Ципрас до премиерот на Република Македонија, Зоран Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице