28 Април, 2024
0.0298

Грција е на готовс со нови мерки: 66 заболени од коронавирус

Објавено во: Балкан 08 Март, 2020

Добивај вести на Viber

По вчерашниот одржан состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, според најавите, денеска се очекува Министерството за образование на Грција да излезе со соопштение за евентуално затворање на училишта, а паралелно бројот на потврдени случаи на заразени од коронавирусот во земјата се искачи на 66, јави дописничката на МИА од Атина.

Доцна синоќа, откако веќе беше завршен пладневниот состанок во премиерската палата, Министерството за здравство на Грција соопшти дека е потврден 21 нов случај на Ковид-19.

Од 66 лица заразени со новиот коронавирус, 51 случај е поврзан со групата што била на аџилак во Израел и Египет, односно 47 членови на групата и четири нивни контакти.

Во болници во Солун, Атина и Патра, хоспитализирани се 22 лица, а еден заразен со Ковид-19 и понатаму е со сериозна пневмонија згрижен во одделот за интензивна нега во Патра, додека пак 43 се во домашна изолација.

Од новиот 21 случај, 13 се во регионите Ахаис и Илиас, каде што во сила се владините мерки со кои се затворени училиштата, кината, театрите, археолошките музеи, местата за јавни собири и сл, седум се во областа Атика, поширокиот регион на Атина и еден на островот Евија.

Процесот на проверка на контактите на новите случаи, според Министерството за здравство на Грција, е во тек.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, вчера претпладне кога во Грција беа потврдени 45 случаи на новиот коронавирус, одржа состанок со надлежните министри на кој беше оценета ситуацијата во јавното здравје и последиците врз економијата.

Од кабинетот на Мицотакис соопштија дека дополнителните мерки ќе ги објават надлежните министерства.

– Од Министерството за здравство по состанокот на надлежната комисија, ќе се донесе одлука за дополнителни рестриктивни мерки за јавните места за собири. Исто така, ќе се разгледа кога и кои училишни единици треба да прекинат со работа. За училиштата соопштенија ќе има утре. Министерствата за финансии, развој и труд ќе ги конкретизираат и во понеделник, заеднички ќе ги објават мерки во економијата за областите погодени од рестриктивните мерки на владата за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопштија вчера од кабинетот на Мицотакис.

На состанокот одржан, учествуваа министри од осум министерства (за финансии, развој, за здравство, труд, образование, за внатрешни работи, туризам и дигитално управување) тројца заменици министри, двајца генерални секретари, претседателот на Националната организација за јавно здравје, како и професорот по епидемиологија и претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство. 


Можеби ќе ве интересира

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

ТАТКОТО НА НОВАК ЃОКОВИЌ ПРИМЕН ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР - еве дали ќе биде задржан во болница

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб