Грција не постигна договор за олеснување на долгот
Објавено во: Свет 23 Мај, 2017
Претставниците на ММФ, министрите за финансии на ЕУ и грчките власти не постигнаа договор за ново олеснување на долгот на Грција кон кредиторите и тоа во последен момент откако претходно со месеци беа испраќање позитивни сигнали дека возможно е целосно решение.
Затоа од ЕУ соопштија дека засегнатите страни повторно ќе седнат на преговарачки маси на 15 јуни кога треба да се донесе конечен договор за начинот на кој Грција ќе добие олеснување на долгот во замена за фискални реформи и посебни мерки за структуирање на државниот буџет.
Грција ќе мора да се соочи со реалноста дека треба да ги крене даночните стапки и да воведе порестриктивни монетарни и фискални политики бидејќи и се заканува неможност да ги исплати долговите кои во јули ќе стигнат 7,3 милијарди евра, па затоа итно им се потребни фондови за олеснување.