26 Април, 2024
0.0463

Грција се вжештува - Македонија е неприфатлив термин, меѓународната заедница ја разгали новата влада

Објавено во: Балкан 12 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Политичката атмосфера во Грција се вжештува и се погласни се критиките на тамошната опозиција која бара заострување на позициите во преговорите за името каде терминот Македонија е неприфатлив дури и во сложена комбинација. 

При дебатата во грчкиот парламент е побарано владиното мнозинство да се изјасни и да ги каже позициите во преговорите за името. Спорно за грчките опозиционери е тоа што коалициониот партнер во владата на Ципрас и министер за одбрана Панос Каменос има различен став за прашањето за името од шефот на дипломатијата Никос Коѕиас.

За Каменос – терминот Македонија е неприфатлив. Но, наместо конкретен одговор, Ципрас рече дека кога ќе дојде време да се донесат одлуки, парламентот ќе бил известен. 

„Би сакал да ви потенцирам дека кога ќе дојде, ако дојде тој момент за да донесеме критични одлуки да не се грижите,  ќе се погрижиме да има едно пошироко поклопување на ставовите за позициите на земјата. Повторувам за едно критично национално прашање потребно е пошироко поклопување на ставовите кое ќе се однесува на сите партии од парламентот.“ - изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

Шефот на грчката дипломатија во парламентот откри дека во следните неколку дена ќе се сретне со посредникот во спорот со името Метју Нимиц, кој како што кажа ќе му ги пренесе впечатоците од средбите во Скопје. Коѕиас подоцна за грчките медиуми повторно го спомена иредентизмот и ја обвини Македонија дека била разгалена од меѓународниот фактор.

„Во понеделник ќе одам на преговори и би било голема грешка од моја страна да се произнесам на еден јавен настап, неколку дена претходно. Бев како што знаете, 2 пати во Скопје, разговаравме за прашањето, беа неподготвени. Дојдоа во Грција, пак неподготвени. Разгалени се од меѓународниот фактор.“- изјави Никос Коѕиас – Министер за надворешни работи на Грција.

Пред две недели Нимиц беше во посета на Македонија, тогаш по средбите со државниот врв, посредникот во спорот со името изјави дека не дошол со нов предлог, туку дека разговарал за концептите за градење добрососедство, а на новата македонска влада, и порача решавањето на спорот за името да го стави на врвот на агендата.

По средбите во Скопје, се очекуваше Нимиц да се сретне со Коѕиас во Атина, но средбата беше презакажана заради учеството на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во решавањето на кипарското прашање.

Извор: ТВ 24

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син