Грција тоне во долгови
Објавено во: Балкан 29 Октомври, 2020
Грција тоне во долгови.
Taa e земја со најголем долг на континентот.
На крајот на јуни, Грција имаше најголем јавен долг, мерен според учеството во БДП, од 187,4 проценти. Следат Португалија со 126,1 процент, Белгија (115,3), Франција (114,1), Кипар (113,2) и Шпанија со 110,1 процент, според проценките на Евростат, пишува Пари.
Најниско ниво на јавен долг, од 18,5 проценти, има Естонија. Следат Бугарија и Луксембург со 21,3, односно 23,8 проценти.
Меѓу земјите на ЕУ, во споредба со крајот на март, јавниот долг, изразен како учество на БДП во Кипар, скокна најмногу, за 17,1 процентни поени. Следува Франција со пораст од 12,8 проценти, следена од Италија со 11,8 проценти. Шпанија е исто така во групата со 11,8 проценти, како и Хрватска и Белгија, каде учеството на јавниот долг во БДП на крајот на јуни беше за 11 проценти поголемо отколку на крајот на март.