Грците ќе дишаат лесно и ова лето-им стигнува нова помош од 8,5 милијарди евра
Објавено во: Економија 16 Јуни, 2017
Министрите за финансии на еврозоната се сложиле да и дадат нов заем на Грција од 8,5 милијарди евра, соопштија синоќа дипломатски извори во Луксембург.
Постигнат е договор за давање заем од 8,5 милијарди евра“, наведува ситиот извор после состанокот со министерот за финансии на еврогрупата.
На состанокот присуствувала и генералната директорка на ММФ Кристин Легард.
Други извори рекле дека исплатата е договорена во транши.
Во јули на Грција за наплата и стигаат повеќе од седум милијарди евра по стари кредити и за да ги отплати неопходна е меѓународна помош. Грција од 2010 година помина низ неколку програми на помош од ММФ и други земји на зоната на еврото.