15 Мај, 2024
0.0287

Грците започнаа да се капат на плажите

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Со зголемувањето на температурите и укинувањето на забраната за пливање, Грците се собираат на плажите за сончање и освежувачко нуркање во морето. Но, дури и ако се укинати ограничувањата, „одржувајте го безбедносното растојание на плажа“ е слоганот на летото 2020 година. Растојанието од најмалку 3 метри е задолжително ова лето, а треба да се носат и средства за дезинфекција.

Според експертите, пливањето во море или во хлориран базен е безбедно. „Ништо не е пронајдено за пренесување на вируси таму, ниту теоретски може да се каже дека постои потенцијален ризик“, рече професорот за заразни болести на Аристотелскиот универзитет во Солун, Павлос Николаидис. Тој додаде дека е малку веројатно некој да го фати вирусот од песок, бидејќи главниот пат на пренесување на вирусот е преку респираторниот начин.

Тој и секој друг здравствен експерт во Грција предупредуваат дека проблемот е гужвата и да се одржува социјалното растојание. Организираните комерцијални плажи сè уште остануваат затворени, но локалните ја отворија сезоната со правилата за пандемиска безбедност, иако владата сè уште официјално ги нема издадено.

Општина Глифада во јужна Атина веќе ги постави чадорите за сонце во текот на неделата на оддалеченост од 10 метри едни од други. Поставени се вкупно 300 чадори, односно само половина од лани за да се исполнат мерките за безбедност.

„Глифада се подготвува да го дочека летото со пропишано растојание и мерки за да можат нејзините граѓани да бидат безбедни заради коронавирусот“, објави градоначалникот Јоргос Папаниколау на социјалните медиуми.


Можеби ќе ве интересира

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

УШТЕ ЕДЕН ПОЗНАТ БЕЛГРАДСКИ ХОТЕЛ ОДИ НА ПРОДАЖБА: Отворен пред повеќе од 100 години

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

(ВИДЕО) КУЛЕБА И БЛИНКЕН ЈАДЕА ПИЦА ВО КИЕВ: Порачаа дека Русија мора да плати

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

ВУЛИН: Она што Рама не можеше да го доживее во Тирана, го доживеа во Атина

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

КАКО АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА СЕ НАЈДЕ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ - си плаќаат даноци навремено и конзистентно

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

ШТО ЌЕ ПОДНЕСУВА СИРИЗА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ВО ВРСКА СО МАКЕДОНИЈА ? Еве ги деталите

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот