19 Мај, 2024
0.0451

Грижата за клиентите е наш приоритет

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Крајот на годината е време кога ги анализираме резултатите, успешните и помалку успешните проекти и она што го учиме од секој од нив. Во работењето на ИутеКредит грижата за клиентите е приоритет и сите производи и услуги се дизајнирани на начин да овозможат исклучително корисничко искуство.

Преку неколку кратки прашања, ви претставуваме дел од тимот на ИутеКредит Македонија кој секојдневно се грижи за  беспрекорен процес во работењето со клиентите.

Владимир Ѓорѓиевски, Заменик директор за корисничко искуство

Кои трендови ги забележувате кај клиентите во изминатата година?

2022 беше година во која масовно дојде до израз дигитализацијата како процес. Нашите клиенти се повеќе преферираат дигитално аплицирање за кредит, на сметка на аплицирање во нашите експозитури со физичко присуство. Моменталните бројки покажуваат дека нашите клиенти, се повеќе ја користат MyIute апликацијата при што целиот процес го завршуваат без потреба од физичко присуство и за само неколку минути ги добиваат средствата на својата MasterCard картичка. Досегашната статистика покажува дека 95% проценти од потпишаните договори биле потпишани преку нашата MyIute апликација која има повеќе од 80.000 преземања, а издадени се повеќе од 40.000 MasterCard картички. Ова се бројки со кои ние како IuteCredit Македонија особено се гордееме и веруваме дека сме лидер во FinTech индустријата.

Стефани Велковска, Раководител на контакт центар за корисничка поддршка

Дали беше едноставен процесот клиентите да се навикнат на дигитално работење?

Од самото наше основање во Македонија во 2017 до сега има навистина огромна разлика во функционирањето и навиките на клиентите. Во овие 5 години не само што  се насочивме кон масовна дигитализација туку и се фокусиравме кон целоснa едукација на клиентите каде што веќе самостојно можат да го извршат целиот процес од самото аплицирање до крајната фаза, исплата во секое време на нашите АТМ-и или на нашата MasterCard картичка.

Морам да истакнам дека  нашите клиенти се навикнаа да ги користатат  бенефитите од истата каде што може да го видат својот клиентски број, извршат плаќање преку апликацијата исто така, може целосно да  си го следат својот кредит, може да направат одложување на рата. Клиентите се повеќе ја користат оваа можност и обавуваат самостојно работи без дополнителни јавувања или чекања. 

Никола Илиќ, Раководител на експозитура Чаир

Што најмногу ве мотивираво секојдневното работење со клиенти?

Најголема мотивација за мене е тоа што имаме можност да им излеземе во пресрет на луѓето кога имаат потреба од дополнителни финансии и кога поради нас можат да завршат работа, којашто не би можеле да ја завршат доколку ние не би постоеле.
Истотака, работењеto со клиенти е секогаш динамично и секој ден е различен, со нови ситуации и нови предизвици.

Елизабета Созовска, Раководител на експозитура Битола

Како кредитен советник, дали честопати клиентите Ве контактираат за финансиски совети при аплицирање за кредит?

Да, клиентите често не контактираат и бараат совети при аплицирање за кредит. Генерално бараат совети и најмногу се обидуваме да им помогнеме да изберат оптимална месечна рата која ќе соодветствува со нивниот месечен прилив и нивните тековни обврски како би можеле континуирано да ги сервисираат своите обврски. Од друга страна, бараат совети и за рочноста и доспевање на рата на самиот кредит пришто секако ги земаме предвид сите околности како би им понудиле оптимално решение базирано на нивната финансиска состојба. Клиентите пак кои имаат високи месечни обврски, односно кредити во повеќе финансиски друштва бараат совет, како да ги намалат истите, за што имаме одлично решение, односно можност за рефинансирање на кредити од други финансиски друштва и  намалување на тие обврски како би им го олесниле начинот на тековно функционирање на нашите клиенти.

Христина Ангеловска, Раководител на експозитура Партизанска

Oсвен кеш кредитите кои услуги ИутеКредит Македонија ги нуди за своите клиенти?

Финансиско друштво Иуте Кредит Македонија секогаш нуди и располага со кредитни производи кои се моделирани во согласност потребите на нашите лојални клиенти, но секако и клиенти кои за првпат аплицираат кај нас.Би започнала со нашиот кредитен производ брз кеш кредит, кој го карактеризира износ до 90.000 денари за нови клиенти каде рокот на отплата е до 24 месеци и највисокиот износ на нашиот кеш кредит до 240 000 денари со рок на отплата до 48 рати за кој веќе можат да аплицираат лојални, односно постоечки клиенти.

Во продажните места или онлајн продавниците на нашите трговски партнери, клиентите може да ја користат ускугата за плаќање iutePay, која овозможува опција Smart 0% за плаќање без трошоци до 12 рати или пак Flexi, кадешто постои ниска месечна провизија и рок на отплата до 36 месеци.

Тука е и нашата Iute Credit Mastercard картичка, со којашто на сите клиенти им се обезбедува достапност на исплата на финасиските средства веднаш 24/7. Се работи за интернационална картичка, со која може да се повлекува готовина од било кој АТМ во Македонија и странство, да се користи за безготовинско плаќање и сите видови на онлајн плаќања.Нашите безкартични банкоматите исто така служат како брзо исплатно средство, се наоѓаат во рамките на нашите експозитури и преку нив корисниците можат да ги повлечат своите финансиски средства во согласност со нашето работно време.

Симона Димковска и Даниела Анчевска, Тим Лидери во контакт центарот за корисничка поддршка

Кој е најинтересниот дел во работата со клиенти според вас?

Секој ден е нов предизвик, работата е прилично динамична и се соочуваме со најразлични карактери. Најинтересниот дел е кога самиот клиент е задоволен од услугата, особено затоа што сме му помогнале во момент кога имал голема потреба од финансиски средства. Задоволство е да го гледаш клиентот среќен.

Што би им порачале на клиентите на ИутеКредит за 2023 година?

Да ги служи добро здравје нив и нивните најблиски. 2023 да биде поуспешна година на секое поле и да ја продолжиме соработката оваа и секоја следна година. Тимот на Иуте кредит ветува дека ќе ги исполни важите финансиски желби. На Вас е да посакате идејата да стане реалност, реализацијата е наша работа.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево