27 Април, 2024
0.0259

Кој е грчкиот наследник на Глигор Бишев на челната позиција во Стопанска банка?

Објавено во: Финансии 20 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Наследник во Стопанска Банка, на сегашниот директор во заминување, Глигор Бишев,  многу веројатно ќе биде Константинос Братос, човек кој веќе е дел од раководството на банката. Извори од банкарските кругови велат дека гркот Братос е фаворит во номинацијата за моќната директорска  позиција, иако е можно и некое изненадување во последен момент. Според достапните податоци за менаџментот на Стопанска Банка, Братос е преседател на Надзорниот Одбор на банката,  во кој членуваат уште седум лица. Од нив, двајца се Македонци. Доколку Братос ја преземе директорската позиција тој би застанал на чело и на Управниот Одбор на Стопанска Банка. Сегашен преседател на У.О, кој брои четири членови,  е Глигор Бишев. Тој има  тројца заменици-директори. Едниот е Тони Стојановски, Генерален директор за ризици. Другите двајца заменици доаѓаат од Грција. Едниот е Диомидис Николетопулус, кој во исто време е Генерален директор за банкрство и вториот е Теодолус Скордис, Генерален директор за корпоративно управување. Со евентуалното именување на странец за прв извршен директор на Стопанска Банка, а без при тоа да има промени на сегашните имиња во Управниот Одбор, менаџментот на банката ќе го сочинуваат тројца грчки директори и еден македонски директор. Сепак, опциите за прв човек се уште остануваат отворени. За новиот директор ќе треба да даде согласност и централната банка. Во меѓуреме, од Грац стаса и официјална потврда дека Глигор Бишев ќе биде новиот директор на “Шпаркасе банка“ во Македонија. СТОПАНСКА БАНКА – КРЕДИТОР НА МОЌНИ БИЗНИС ГРУПАЦИИ Стопанска Банка, според големината на капиталот и расположливата банкарска инфраструктура, е меѓу водечките банкарски групации во земјава, се смета за еден од клучните кредитори на поголемите индустрии во земјава. Преку кредити за инвестиции, банката има одобрено кредити на големи компании од металскиот, градежниот и енергетскиот сектор. Неодамна, Стопанска Банка, како и останатите банки во земјава се вклучија и во владиниот прокет “Купи куќа-купи стан“. Еве дел од поголемите кредитни линии што ги ги одбри Стопанска Банка за инвестициска подршка на стопанството. 2006 та година Макстил: Макстил доби кредит од Стопанска Бнака во вредност од 8,6 милиони долари – кредитна линија за инвестиции и за обртни средства . 2008 ма година Макстил: Макстил доби кредит од Стопанска банка во вредност од 56 милиони евра. Овај кредит според највите, е наменет за вложувања на компанијата во погоните на “Челичарницата“ и “Валалницата“ за да се обезбеди намалување на трошоците во производството за 25 отсто и да се покрене нов инвестициски циклус. 2010 та година ЕЛЕМ: Стопанска банка му одбори на ЕЛЕМ кредит од 30 милиони евра за модерницација на трите блокови на РЕК Битола. Од страна на владата договорот го парафираа  министерот за финасии Зоран Ставревски и тогашниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски. 2012 та година „Гранд Престиж“: Стопанска Банка одобри инвестициски кредит за изградба на грандиозниот станбен комплекс “Гранд Престиж“. Во мај, лани потпишан е момрандум со инвеститорите “Импексел 2“ и “Еуро Актива“. Локацијата на комплексот беше во Скопје, во близина на поранешната фабрика “Алумина“. Вкупната финансика конструкција на овој проект беше проценета на 60 милиони евра, а Стопанска Банка требаше да кредитира дел од оваа сума. Овој прокет беше вовлечен во „афера“ откако управителот на “Еуро Актив“ заврши во притвор поради сомнение за злосторничко здружување. 2012 та година „Купи куќа купи стан“: Стопанска Банка се вклучи во владиниот проект “Купи куќа- купи стан“, нудејќи станбени кредити со субвенционирана камата или субвенционирано учество од страна на државата. ДАЛИ НОВИОТ МЕНАЏМЕНТ ЌЕ ЈА СМЕНИ КРЕДИТНАТА ПОЛИТИКА? Дел од стопанствениците кои имаат банкарско-кредитни релации со Стопанска Банка не очекуваат дека директорската смена во банката ќе ја  промени сегашната кредитна политика. Именувањето на странец за прв човек на банка во странска сопственост  стана пракса во земјава. Речиси сите странски банкарски брендови се менаџирани од странски директори, но испреплетеноста на Стопанска Банка со македонската економија е од таков габарит, што, секако не е сеедно кој ќе седне во директорската фотелја. Изворите на Фактор сметаат дека изборот на Братос, како човек што добро ги познава релациите во бизнис заедницата, е веројатно решение. К. Н.

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат