Гром удри во зграда во Велес и запали стан
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2022
Гром удри во зграда во Велес во близина на основното училиште Васил Главинов, при што се запали стан на поткровјето.
Жртви нема, а лекарска помош им е укажана на две лица кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад. Пожарот го гасне противпожарната единица во Велес, а на помош пристигна цистерна од ЈКП Велес. На лице место се и локаните власти и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски. Врнежи од дожд зафатија повеќе региони во земјава.