Добивај вести на Viber
Најдоцна до недела Грција треба да ги договори следните мерки за штедење од што зависи следната транша од финансиската помош вредна 31,5 милијарди евра. Тридневното продолжување е дозволено за да се договорат меѓусебно лидерите на владејачката коалиција и да се омекат ставовите на Демократската левица која инсистира на подобрување на условите во реформите на трудовата политика на кои жестоко се противи.
Следниот состанок на претставниците на министерствата за финансии на членките на еврозоната е закажан за во понеделник, а планот со заклучоците до кои ќе дојде Атина ќе биде разгледан во среда од страна на Еврогрупата, составена од министрите за финансии од еврозоната.
Во исто време, постојат несогласувања и во ПАСОК, но и кај дел од останатите пратеници кои веќе се заканија дека ќе гласаат против мерките за приватизација на Министерството за финансии.