Груби: Албанците од Македонија купуваат имоти во Драч, Македонците во Саранда
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2022
Првиот вицепремиер Артан Груби синоќа како гостин на телевизијата ТВ Клан Албанија ги презентираше инфраструктурните планови на Македонија за поврзување на Скопје со Тирана и Приштина.
„Едношалтерскиот граничен стоп шоп - кон целосно отстранување на границите, енергетските врски, приклучоците до пристаништето Драч се исто така веќе потпишани и реализирани наши проекти.
За неколку години Скопје - Тирана или до Драч за 2,5 часа, Скопје - Валона 3 часа, Скопје - Приштина 35-45 минути“, напиша Груби на Фејсбук.
Во телевизискатга емисија Груби рече дека цените на недвижнини и на земјa во Албанија е значително пониска отколку во Грција, Црна Гора или Хрватска и дека не е мал бројот и на Македонци кои веќе купиле или се интересираат да станат купувачи.
Според Груби, Албанците од Македонија се најзаинтересирани да вложуваатг во регионите на Драч и Валона, додека Македонците повеќе целат кон Саранда, Дерми и воопшто кон југозападот на Албанија.
Вчера во Албанија беа преставени плановите за реконструкција на пристаништето во Драч познато како Порто Романо преку јавно-приватно партнерство.
„Проектот на новото комерцијално пристаниште Драч ги интегрира железничката пруга Драч - Приштина и сувите пристаништа во Косово и Северна Македонија“, рече Рама.