06 Мај, 2024
0.0944

ГРУБИ: НЕ БЕШЕ ВО РАБОТНО ВРЕМЕ, НО И ДА БЕШЕ - не гледам ништо неморално, си игравме малку фудбал

Објавено во: Македонија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Сме станале општество со хистерични реакции за се и сешто. Ова го истакна првиот вицепремиер Артан Груби во телевизиско гостување на 24 Телевизија по објавувањето на фотографиите на кои тој заедно со пет министри играат фудбал во неговиот кабинет во Владата 

Тој вели дека нема ништо спорно во играњето фудбал во канцеларијата, и посочуваше дека идејата било да покажат дека се одличен тим, дека се сложни заедно, дека се млади и полетни и желни за резултати. Воедно Груби истакна дека со овие фотографии сакале да покажат дека само што започнале со работа. 

Не гледам ништо неморално, коментарите не се долични. Едноставно шутиравме, си игравме фудбал пет минути и баскет, толку, ништо посебно. Сме станале општество на хистерични реакции за се и сешто - реагира првиот вицепремиер Артан Груби во врска со фотографиите и видеото кои ги објави попладнево, како со уште пет министри од партијата играат фудбал и кошарка во неговиот кабинет во Владата.

– Не беше во работно време, но и да беше. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе првпат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет,… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутираваме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно – објасни Груби во вечерашното гостување на 24 Телевизија.

Тој вели дека во сегашната опозиција нема некој кој е доволно фраер за да игра фудбал.

Груби попладнево објави статус на Фејсбук, покажувајќи како со своите петмина колеги – министри од ДУИ играат со топка во неговиот владин кабинет. Кабинетот е опремен со сите реквизити за релаксација

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?