Груби: Со Законот за јазици се заокружи Охридскиот рамковен договор
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2018
„Сметам дека овој Закон е поддржан од сите страни, бидејќи сите партии се потписници на Охридскиот рамковен договор. Очекувам опозицијата да го поддржи овој Закон, иако не беа во Собранието за време на гласањето. Со овој закон ќе добие Македонија, а ќе се релаксираат меѓуетничките односи, ќе се затворат многу теми кои произлегуваат од нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор“, истакна денеска пратеникот од ДУИ Артана Груби по изгласувањето на Законот за употреба на јазиците.
Груби потенцираше дека15 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со гласањето на законот за јазиците бил заокружен мировниот договор, а сега останува да се имплементира и им се заблагодари на сите гласале „за“, но и на тие кои не гласале против законот.
Законот за употреба на јазиците сега ќе го чека потписот од претседателот Иванов, за што Груби очекува позитивен исход.