06 Мај, 2024
0.0276

Груевски: Јас имам највисока одговорност за резултатите

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, излезе на прес конференција на која посочи дека власта на СДСМ влијаела негативно врз гласачите и имало голем број на нерегуларности кои влијаеле врз резултатите за што ќе следат жалби. Груевски не посочи дали ќе го признае изборниот исход и понуди повеќе изговори за поразот кој е на повидок. 

„Благодарност до сите граѓани на Република Македонија кои денес гласаа и особено за гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, како активистите на партијата кои неуморно работеа. Првиот круг помина во недемократска атмосфера со нефер услови во кои се одвиваше кампањата имаше физичка пресметка, убиство врз кандидат, многу закани, притисоци од службени лица врз нашите кандидати. Власта влијаеше врз луѓето и ги демотивираа, полицијата беше ставена во партиска функција, добивме многу информации за директен поткуп на гласачи, продолжи црната кампања со неосновани кривични пријави за нашите кандидати, имаше бројни кршења на изборните правила, злоупотреба на државните ресурси, а има сериозни индиции за манипулација на гласачките ливчињ. Видовме организирана кражба на гласови, одредени медиуми објавуваа заокружени гласачки ливчиња. Овие нешта допринесоа за победа или водство на СДСМ во повеќе општини. Ние ќе поднесеме претставки и жалби, изборите не се завршени. ВМРО е голема партија со многу членови. Ќе има анализа на изборите и резултатите како и тоа што друго од наша страна не беше доволно добро направено. Јас како претседател имам највисока одговорнос за сето тоа и идниот правец ќе се дискутира веднаш по периодот на завршување на изборите“ изјави Груевски без да одговори на дополнителни прашања.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува